Logo-za-home-Clip_125Logo-za-home-Clip_125Logo-za-home-Clip_125Logo-za-home-Clip_125
  • ЗА НАС
  • МЕДИУМИ
  • mAd
  • АЛАТКИ
  • ВЕСТИ
  • КОНТАКТ
  • ЦЕНОВНИК
“Додај Гас” нов член на Clip Media Group
15 септември, 2018

„Cooltura“ сега е дел од големото медиумско семејство Clip Media Group

1 октомври, 2018

Најголемиот извор на информации од областа на културата и уметноста, интернет-порталот www.cooltura.mk, кој повеќе години е грижливо посветен на овој сегмент од општеството или популарно наречено смета дека културата е кул, сега е дел од големото медиумско семејство „Clip Media Group“.

Како дел од Групацијата на електронски медиуми, која професионално и објективно во јавноста пласира информации, истражувачки стории, видеоматеријали и дебатни и забавни емисии, од сега во интернет-етерот таа ќе им посевети посебно внимание и на културата и уметноста за кои сметаме дека се неправедно запоставени во домашниот медиумски простор.

Заеднички со порталот за култура, ќе се обидеме да информираме, но и да ги негуваме вистинските културолошки вредности за кои како медиумска групација сметаме дека е наша професионална и општествена одговорност. Нема да ги исклучиме и критичките текстови, рецензии, осврти и слично со цел да ги вратиме критичката мисла и релевантните критериуми во културата.

Културата навистина може да биде кул и ние ќе се обидеме со уште подобар дизајн и модерен приод да ја доближиме до нашиот аудиториум.

Се надеваме дека отсега вашето внимане ќе го задржат информациите за филмот, ликовната уметност, музичката дејност, етаблираната, но и онаа андерграунд-култура, а ние ви ветуваме брзина, точност и висока професионалност.

 

Слично

15 септември, 2018

“Додај Гас” нов член на Clip Media Group


Прочитај повеќе
5 септември, 2018

Отворено ново работно место во Clip Media Group


Прочитај повеќе
20 јуни, 2018

Во Македонија дневно се произведуваат 6.000 вести, како да дојдете до оние што вас ве интересираат?


Прочитај повеќе
Clip Media Group
+389 78 499 630    |   [email protected]   |    ул. 11 Октомври, бр. 33    |    1000 Скопје, Македонија
Copyright © 2018 - Clip Media Group