Специјалист за социјални медиуми
Одговорности:
- Креирање и одржување на профили на социјални медиуми (Facebook, Twitter, LinkedIn, VKontakte, итн.);
- Креирање на содржини (текст, слики или видео) за социјални медиуми;
- Креирање и мониторинг на кампањи за социјлни медиуми;
- Истражување на трендови и соодветна адаптација на комуникацијата;
- Изработка на извештаи;
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Искуство од најмалку 2 години на слична позиција;
- Одлично владеење на англиски јазик;
- Одлични комуникациски вештини;
- Ориентираност кон остварување на резултати;
- Желба за професионална надградба и континуирано учење;
- Подготвеност за работа во смени или викенд;
- Познавање на Google AdWords ќе се смета за предност.
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат на следниот email: [email protected] со назнака на позицијата за која се аплицира.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за интервју.